Британскиот весник „Дејли мејл“ му ја додели награда „Ковид-идиот на годината“ на тенисерот Новак Ѓоковиќ. Тие велат дека конкуренцијата за оваа награда била голема, но дека најдобриот светски тенисер имал неколку големи грешки годинава, меѓу кои и тоа што го организирал „Адрија тур“ среде пандемија.
„Само Ѓоковиќ можеше да му забие топка в лице на судија на САД опен. Но, тој потег не му беше најконтроверзен оваа година. Тој го организира и ‘Адрија тур’ на Балканот додека траеше целосното затворање поради коронавирусот. Тоа му го донесе првото место. Не ги почитуваше правилата. Не беше изненадување кога вториот од планираните четири турнири беше откажан поради коронавирусот, кој се појави кај учесниците, вклучувајќи ги и Новак и неговата сопруга. За среќа, сите заразени оздравеа, а Новак си доби уште еден трофеј“, стои во коментарот на „Дејли мејл“.