Дел Пјеро бара отштета од Душан Влаховиќ, мора да ми плати вечера за кршење на авторските права

Легендарниот фудбалер и поранешен капитен на Јувентус, Александро Деп Пјеро рече дека ќе бара отштета од новиот играч на италијанскиот клуб, Душан Влаховиќ.

Тој во интервју за „Скај спорт“, на шега рече дека ќе го тужи Србинот за кршење на авторски права затоа што на ист начин го прославил првиот гол како и него.

Српскиот напаѓач откако го даде првиот гол за Јувентус, лизгаше со колената на тревата, потсетувајќи на славниот Дел Пјеро од времето.

„Го приметив начинот на кој го прослави неговиот прв гол во Јувентус и ми врати убави спомени од минатото. Се разбира ќе мора да плати сега отштета, јас ги имам авторските права. Ќе барам да одиме на вечера заедно и сите ќе ве поканам за да сметката биде поголема“, се пошегува Дел Пјеро.

 

 

Scroll to Top