Македонскиот кик-боксер Димитар Ѓоргиев ја освои титулата светски шампион на првенството што се одржува во Италија. Тој во дисциплината лоу-кик во категорија до 81 кг го победи претставникот од Босна и Херцеговина, Никола Дробњак, 3:0 на поени. Ова е четврта титула светски шампион на Ѓоргиев, кој ја освои титулата и во 2011, 2013 и 2015 година.