„Доста умираат невини луѓе“, фудбалерот на Ливерпул, Салах, со порака до светските лидери да го запрат конфликтот меѓу Израел и Палестина

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, ги повика сите светски лидери, вклучително и премиерот на Британија, Борис Џонсон, да дадат се што е во нивна моќ за да стават крај на насилството и смртта на голем број невини луѓе, во конфликтот меѓу Израел и Палестина.

Фудбалерот на Египет на „Твитер“ му напиша на Борис Џонсон, откако палестинското движење Хамас почна да извршува масовни ракетни напади врз градовите Израел, а како одговор на ова, израелските вооружени сили започнаа да напаѓаат цели на палестинските територии.

 

Scroll to Top