Еден од редарите настрада на трката во Пробиштип

На денешната ридско-брзинска трка во Пробиштип, настрада еден од редарите откако еден од возачите удри во него. Возачот изгубил контрола над своето возило и излета од патеката. Возилото директно удрило во редарот, па паднало во провалија.

За насреќата информираа и од клубот „Custom Car Racing Team“.

„Крајната неспособност на АФМ денес доведе до жртва. На крајно небезбедна патека без банкини која не знаеме како можеле да ја лиценцираат и направат безбедносен план во Пробиштип каде овој викенд организираа ридско-брзинска трка, згасна човечки живот кој беше удрен од тркачки автомобил на целта, а беше и дел од организацијата“, стои меѓу останатото во соопштението на  Кастом кар рејсинг тим. 

Scroll to Top