Елиф Елмас сè уште позитивен на Ковид-19

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, изјави дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас сè уште позитивен на Ковид-19. Гатузо вели дека не може да смета на напаѓачот за претстојните мечеви во Серија А и европските натпреварувања.

Елмас нема да биде во составот за денешниот меч во Лига Европа против холандскиот тим Аз Алкмар. Покрај Елмас, Гатузо нема да може да смета на услугите ниту на Зиелински, кој исто така е позитивен на Ковид-19.

„Во стартниот тим ќе имаме тројца или четворица играчи што не настапија против Аталанта. Мора да правиме промени и да ротираме со ваков распоред, но сепак не сакам премногу да го менувам ликот на тимот. Зиелински и Елмас сè уште се позитивни на вирусот. Искрено, се надевам дека ќе бидат негативни по истекувањето на 21. ден. По тоа, ќе мора напорно да работат да се вратат во оптимална физичка кондиција“, рече Гатузо.

Македонскиот фудбалер сè уште не им се вратил на тренинзите. Македонската јавност е во очекување дека младиот фудбалер од средината на теренот ќе успее навреме да ја врати формата како за Наполи така и за историскиот меч за Македонија на 12 ноември против Грузија, во Тбилиси – финале на баражот за пласман на Европското првенство.

Scroll to Top