Елмас го одигра јубилејниот 100. натпревар за Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го одигра јубилејниот 100. натпревар за италијанскиот прволигаш Наполи. Тој влезе во игра на почетокот на второто полувреме од 15 коло во Калчото, кој Наполи го играше на гости протиб Сасуоло.

Наполи поведе со двата гола на Руиз и Мертенс,  но до крајот на натпреварот Сасуоло израмни на 2-2 со головите на Скамака и Ферар.

Наполи остана лидер во Серија А со 36 бодови, еден повеќе од второпласираниот Милан.

Македонскиот репрезентативец игра во Наполи од јули 2019 година. Во италијанскиот клуб дојде од Фенербахче за 16 милиони евра. На досегашните 100 настапи за клубот постигна шест голови и има четири асистенции.

Scroll to Top