Елмас стана најскапиот македонски фудбалер

Елиф Елмас, кој игра за Наполи, според „Трансфермаркт“, е со вредност од 24 милиони евра и е најскапиот македонски фудбалер во историјата.

Досега тоа беше, според овој специјализиран портал, Енис Барди, кој во 2020 година беше со вредност од 20 милиони евра, претходно Горан Пандев во 2010 година вредеше 18 милиони евра, исто и Елмас некогаш вредеше 17 -18 милиони, но досега немало некој наш фудбалер кој вреди 24 милиони евра.

Scroll to Top