Емоции пред мечот со Холандија, Пандев му ја предаде капитенската лента на Ристовски

Најдобриот фудбалер на Македонија, Горан Пандев, денеска против Холандија ќе го одигра последниот натпревар во дресот на фудбалската репрезентација.

Тој пред натпреварот му ја предаде капитенската летна, на Стефан Ристовски кој ќе биде нов капитен на „црвено-жолтите“. Ристовски се расплака поради последниот меч на Пандев.

Фановите го поздравија овој емотивен момент пред натпреварот во Амстердам.

„Горан Пандев Засекогаш. Легенда. Како постар брат“, напишаа тие.

Капитенот по 20 години се повлекува од дресот на Македонија, иако имаше најави дека можеби ќе настапува уште една година. Покрај Пандев, во пензија заминуваат и напаѓачите Крсте Велкоски и Иван Тричковски.

Пандев денеска последен пат ќе игра во македонскиот дрес

Scroll to Top