Евгениј Поп Ацев пливаше во чест на Нико Нестор

By

Најдобриот македонски пливач, Евгениј Поп Ацев, денеска во Свонси, Велика Британија, пливаше во чест на пливачката легенда, Нико Нестор. Тој делницата од 7.15 километри ја помина за 1 час и 37 минути.

Пливачот, кој живее во Англија, со овој подвиг собра околу 750 фунти кои ги даде во добротворната организација „Нико Нестор“. Организацијата, пак, овие средства ќе ги распредели на ранливите семејства да неколку деца да добијат можност за часови по пливање и обука за безбедност на вода.

Нико Нестор е основоположник на македонската маротонско пливање. Тој е првиот Македонец кој го преплива каналот Ла Манш.

Ќе ви се допадне