ФИФА ги објави кандидатите за фудбалер и тренер на годината

Светската фудбалска федерација го објави списокот со 11 кандидати за наградата „Фудбалер на годината“, преводена од минатогодинешниот освојувач на ова престижно признание, Роберт Левандовски од Баерн Минхен.

На листата се наоѓаат фудбалерите Ерлинг Халанд, Карим Бензема, Килијан Мбапе, Жоргињо, Кевин де Брујне, Мохамед Салах, Нејмар,Нголо Канте, како и Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои ова лето се преселија во нови екипи.

Додека пак Германецот Томас Тухел е кандидат за тренер на годината, откако тримуфира со Челзи во Лигата на шампионите. Покрај него, номинирани се и: електорот на Италија Роберто Манчини, Антонио Конте (Интер, Тотенхем), Ханси Флик (Баерн Минхен, Германија), Пеп Гвардиола (Манчестер сити), Лионел Себастијан Скалони (Аргентина) и Диего Симеоне (Атлетико Мадрид).

На почетокот на годината ќе бидат објавени тројцата финалисти, додека свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 17 јануари во Цирих.

Scroll to Top