(Фото) Емотивна средба меѓу Ибрахимовиќ и Михајловиќ

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ објави фотографија од средбата со својот долгогодишен ривал на фудбалските терени, но во исто време голем пријател.

Добрите стари пријатели синоќа се сретнаа на теренот, а средбата беше и повеќе од емотивна. Ибрахимовиќ на социјалните мрежи објави фотографија од нивната прегратка со коментар „Љубов“.

 

Познато е дека Златан Ибрахимовиќ и Синиша Михајловиќ се одлични пријатели. Тие со години беа ривали на теренот, а потоа станаа добри пријатели. Нивниот сјаен однос датира уште од времето кога Ибрахимовиќ играше за Интер во кој Михајловиќ беше помошен тренер.

Ибрахимовиќ, поради Михајловиќ, сериозно размислувал и да замине да игра во Болоња, но на крајот, сепак се одлучи да го облече дресот на Милан.

За потсетување, Милан на синоќешната средба беше убедлив против Болоња со резултат 5:1.

Scroll to Top