(Фото) Мик Шумахер го возеше шампионското Ферари на неговиот татко

Синот на седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, Мик, денеска пред 1.000 ГП трка за Ферари на ГП на Тоскана во Муџело, го возеше болидот на татко му Ф2004 од 2004 година.

Михаел ја освои седмата и последна титула со овој болид. Многумина го сметаат за најдобриот во историјата на италијанскиот тим. Шумахер со Ферари оствари 15 победи во 18 трки.

„Секогаш беше сон да се вози овој болид. Имав шанса да го пробам во Хокенхајм минатата година, но сега во Муџело без дожд. Вистинска чест, благодарност до Ферари за шансата“, изјави Мик.

Мик Шумахер е лидер во Формула 2 шампионатот на три трки пред крајот со осум поени пред уште еден јуниор на Ферари, Калам Илот. Постојат шпекулации дека тој во 2021 ќе влезе во Формула 1 преку тимот на Алфа Ромео.

Scroll to Top