Легендарниот фудбалер на Германија, Лотар Матеус синоќа го гледаше натрепварот меѓу Македонија и Германија на арената „Тоше Проески“ во Скопје. Натпреварот се играше на ладно време, па Матуес зема ќебе за да се стопли.
За потсетување, Матеус е рекордер по бројот на настапи на репрезентацијата на Германија. Тој има одиграно вкупно 150 мечеви, а синоќа на натпреварот со Македонија беше ко-коментатор на германската телевизија „РТЛ“.
Тој има дури пет настапи на Светските првенства и ја има освоено и Златната топка.