(Фото) Навивач на Манчестер со целото наследство од мајка му се обложил на Ливерпул

Тони Ворд (55), навивач на Манчестер јунајтед од Брадфорд, целото наследство што го добил по смртта на неговата мајка, го уплатил на тикет дека Ливерпул ќе ја освои титулата во Англија. Тој вложил 55.000 фиунти, а добил 91.000, откако тие навистина ја освоија титулата во Премиерлигата.

Тони во 2017 година, кога починала мајка му, добил наследство од 55.000 фунти. Во октомври 2019 година целата сума ја уплатил на Црвените, дека ќе бидат прваци. Квотата била 1.65.

„Ливерпул изгледаше како тим кој може да ја освои титулата. Мајка ми не би ми се лутела што ги уплатив парите во обложувалница, бидејќи и таа сакаше ваков вид забава, особено сакаше обложување на трки со коњи“, рекол Тони, кој се исплашил кога пандемијата од коронавирусот целосно ќе го запре првенството, а Ливерпул да не биде прогласен за првак. Во тој случај би му се пресметала квота 1, и наместо добивка тој само би си ја вратил уплатата.

„Беше јасно дека ќе бидат шампиони, им требаа само уште шест бода. Ќе ми го вратеа влогот, нема сомнеж, но тоа ќе беше нечесно. Сега прво планирам да отпатувам некаде во странство на квалитетен одмор, а остатокот од парите ќе ги ставам во банка, ќе ги чувам за некои црни денови,“ раскажал Ворд за британските медиуми.

Scroll to Top