(Фото) „Поздрав од отпишаниот“, откако му даде два гола на Реал Мадрид, фудбалерот на Барса, Обамејанг ги поздрави хејтерите

Синоќа тимот на Барселона го победи Реал Мадрид во Ел Класико со 4:0. Два гола на Бернабе за Барса даде Пјер Емерик Обамејанг, кој е во врвна форма. Во јануари дојде во Барса без никаква отштета од Арсенал, а претходно играше и за Борусија Дортмунд.

„Поздрав од отпишаниот“, напиша Габонецот на „Твитер“ како порака за сите што мислеа дека неговата кариера е веќе завршена и дека нема што да бара на Камп Ноу.

На првите седум настапи во Ла Лига Обамејанг даде седум гола, а синоќа му даде два на Реал на Бернабе, во победата од 4-0.

Во првиот дел од оваа сезона, на 14 натпревари во дресот на Арсенал, Обамејанг постигна четири гола. На 11 во Барселона веќе има девет, сметајќи ги и настапите во Лигата Европа каде каталонскиот гигант веќе е во четвртфиналето.

Scroll to Top