(Фото) Првите „џорданки“ продадени за половина милион долари

Патики потпишани од Мајкл Џордан, што кошаркарот на Чикаго булс ги носел 1985 година во неговата прва сезона во НБА, се продадоа на онлајн аукција за рекордна сума од 560.000 долари.

Патиките се дел од првата серија на брендот „Најки Ер Џордан“, и се очекуваше да достигнат цена меѓу 100.000 и 150.000 долари. Она што е карактеристично за овие патики е што се со различна големина.

Досегашниот рекорд од 437.500 долари го држеше пар тркачки патики „најки мун шуз“ од 1972 година.

Патиките достигнаа рекордна цена во време кога во Америка се прикажува документарната серија „Последниот танц“, а која се фокусира на последната шампионска сезона на легендарната генерација на Булс.

Scroll to Top