(Фото) Столе, Кире и Алиоски го одбележаа 50. јубилеен настап за Македонија

Двајцата македонски фудбалери, Езѓан Алиоски и Кире Ристевски, заедно со голманот Столе Димитриевски, синоќа на арената „Тоше Проески“ во Скопје, го одбележаа 50 јубилеен настап за Македонија. Пред натпреварот со Германија тие добија дресови со бројот 50 на нив.

За потсетување, Македонија вчера го загуби мечот против Германија со 4:0 и сега има само теоретски шанси за пласман на Светското првенство. Германија стана првата репрезентација која во квалификациите успеа да избори пласман за понатаму.

Германија ја победи Македонија и стана првата европска репрезентација која се квалификуваше на Светско во Катар

Scroll to Top