(Фото) Турците во чест на Јаховиќ направија кореографија со македонското знаме

Навивачите на турскиот фудбалски клуб Гезтепе, во чест на македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ, направија кореографија на знамето на Македонија. Пред почетокот на мечот со Ајтај го истакнаа амблемот на клубот во црвено жолта боја, кои се совпаѓаат со знамето на Македонија.

Истакнувајќи го амблемот на клубот, со него можеа да се видат две македонски знамиња. За потсетување, Јаховиќ не настапи на овој натпревар поради повреда, а тимот на Ајтај победи на овој натпревар со 2:0.

Scroll to Top