(Фото) Валентино Роси ќе се натпреварува во трки со автомобили

Поранешниот шампион во Мото ГП натпреварувањето, Валентино Роси, од следната сезона ќе учествува во трки со автомобили. Тој потпиша договор со екипата на ВРТ Ауди и ќе се натпреварува во Светскиот шампионат.

Тој ги изненади многумина кои очекуваа да стави крај на мотоциклистичката кариера во Мото ГП и да го напушти овој спорт.

Роси на социјалните мрежи ја потврди соработката. Деветкратниот МотоГП првак веќе возеше на тестирањата во Валенсија, а ќе вози и во Купот на издржливоста и Спринг купот. Првата трка е закажана за април на „Имола“ во Италија.

Scroll to Top