(Фото) Ѕвездите на Реал заедно на вечера, Бејл доби голф-палка

Ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл, за првпат по шест и пол години откако е дојден во Мадрид се дружеше заедно со неговите соиграчи од Кралскиот клуб. Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, ја објави фотографијата на социјалните мрежи.

Велшанецот излезе со тимските колеги на вечера, а како знак на благодарност доби подарок палка голф. Тој е познат како страствен голфер. Покрај него и Рамос, гостите можеа да се дружат и со Лука Модриќ, Марсело, Бензема и другите фудбалски ѕвезди.

Еден од фановите коментирал дека ова е ретка фотографија  која може да се види и дека чини 1,19 милијарди евра, колку што вредат заедно играчите на Реал Мадрид.

 

Scroll to Top