Фудбалерот на Раднички од Ратково, Александар Круниќ, доживеал срцев удар среде тренинг. Тој починал на пат кон болницата. На Круниќ му се слошило на теренот, а итната помош веднаш стигнала, но, за жал, не успеале да го спасат.
Голем број негови фанови и пријатели се простија од него. Неговите колеги во клубот велат дека не може да поверуваат и дека со тешко срце ја прифатиле веста за загубата на нивниот пријател, брат и соиграч.
„Ти беше фудбалер кој оставаше срце на терен, ти беше вистински пријател. Почивај во мир, наш брату“, стои во соопштението од семејстовто и другарите.