Фудбалер доживеал срцев удар за време на тренинг

Фудбалерот на Раднички од Ратково, Александар Круниќ, доживеал срцев удар среде тренинг. Тој починал на пат кон болницата. На Круниќ му се слошило на теренот, а итната помош веднаш стигнала, но, за жал, не успеале да го спасат.

Голем број негови фанови и пријатели се простија од него. Неговите колеги во клубот велат дека не може да поверуваат и дека со тешко срце ја прифатиле веста за загубата на нивниот пријател, брат и соиграч.

Scroll to Top