Фудбалер на Јувентус има коронавирус, цел тим во карантин

Актуелтниот првак на Италија, Јувентус, ги потврди наводите дека дефанзивниот играч во тимот Даниеле Ругани бил позитивен на тестирањето за ковид-19, односно коронавирус.

„Фудбалскиот клуб Јувентус ја почна процедурата за изолација која е планирана според сите регулативи, вклучувајќи ги сите кои имале контакт со него“ – велат од Старата дама.

„Бјанконерите“ денеска имаат тренинг, што значи дека целиот тим и стручниот штаб ќе мора да биде во карантин најмалку 14 дена.

Последните информации од Италија говорат дека и тимот на Интер е ставен во карантин, а веројатно натпреварите во европските лиги ќе бидат одложени. Серија А е суспендирана до 3 април, а Јувентус следната недела треба да игра со Лион во ренвашот од осминафиналето од ЛШ.

Според шпанските медиуми, властите во Барселона не дозволиле играчите на Наполи да слетаат со авионот, па веројатно и оваа средба ќе биде одложена.

Scroll to Top