Фудбалер на Манчестер има трауми, колегите го исмевале затоа што бил многу грд

By

Англискиот фудбалер Лук Чедвик за англиските медиуми откри дека има трауми од времето кога играл за Манчестер Јунајтед. Чедвик објаснил дека додека го носел дресот на „црвените ѓаволи“, неговите колеги го исмевале затоа што бил многу грд. Што се однесува до неговата игра, тој признава дека не се прославил многу.

dobivaj vesti na viber

Чедвик вели дека е еден од оние фудбалери кои се наоѓаат на листата на најлоши играчи, кои го облекле дресот на Манчестер Јунајтед.

„Ме малтретираа поради мојот изглед. Ми беше тешко, имав лошо мислење за себе си поради тоа“, изјавил Чедвик за „Спорт Библ“ и објасни дека најмногу го навредувале на патот до соблекувалната.

„Се сечаван дека ми збореа дека сум грд и дека ми стрчат забите. Се чувствував како целиот свет да ми се смее и дека само за мене зборуваат“, вели Чедвик и додал дека бил анскиозен и се чувствувал посрамотено додека играл за Манчестер Јунајтед.

„Бив тивко повлечено момче. Не зборував многу и одев само на тренинзите. Кога пораснав, научив како да се носам со тоа, но останав срамежлив тип“, открил Чедвик.

 

Лук Чедвик излезе од академијата на Манчестер Јунајтед, а беше шампион во Премиер лигата со овој клуб во 2001 година, но дефинитивно не остана запаметен по сјајната игра во дресот на „ѓаволите“.

Ќе ви се допадне

Tải Go88 - Sảnh game đánh bài đổi tiền thật uy tín nạp go88 không nhận được tiền link tải go88

sunwin mới sunwin link sunwin đánh trực tiếp