Фудбалерите пристигнаа во Скопје, со овации и аплаузи на аеродром ги пречекаа стотици навивачи

Фудбалерите на Македонија пристигнаа на аеродромот во Скопје откога вчеравечер го победија европскиот шампион Италија во Палермо. На аеродромот ги пречекаа стотина навивачи со овации и силен аплауз. Од аеродромот, фудбалерите заминаа на плоштадот Македонија, каде што е закажан пречек, а на кој се очекува да дојдат неколку илјади навивачи од целата земја.

За потсетување, кога со голот на Трајковски, Македонија ја победи Италија, во вторник ќе игра против Португалија во финалето за пласман на Светското првенство во Катар.

Scroll to Top