Фудбалерките на „Кул“ од Скопје го запознаа најдобриот светски женски тренер

Младите фудбалерки на клубот „Кул“ од Скопје, вчера се дружеа со Влатко Андоновски, селекторот на женската репрезентација на Америка, која е актуелен светски шампион во фудбал. Тие од него добија многу корисни совети, а откако разговараа за спортот, на крајот се сликаа за спомен со најдобриот светски селектор.

„Сите вие сте надежни играчи и во иднина можете да станете репрезентативки на Македонија. Тренирајте напорно за да ги остварите своите цели“, им рече тој.

Средбата на тренерот Андоновски со фудбалерките на „Кул“ се одржа на отворено, во Градскиот парк, со сите протоколи за заштита од корона. Настанот го организираше Американската амбасада.

Scroll to Top