(Галерија) Меџик Џонсон на летување во Хрватска со јахта од 150 милиони долари

НБА-легендата, Меџик Џонсон е на летување во Хрватска. Тој крстари по Јадранот со неговото семејство, а вчера пристигна во Сплит во мега-јахтата „Аквила“. Јахтата долга 86 метри чини 150 милиони долари, а можев да смести 12 гости и 28 членови на посада. Поседува кино, дискотека, теретана, ресторан…

Хрватските медиуми пишуваат дека 60-годишниот Џонсон поминал само една вечер во Сплит, но дека локалните жители го искористиле неговото присуство за да добијат автограм и слика од славниот кошаркар.

Џонсон беше дел од славната генерација на Лос Анџелес Лејкерс од 1979 до 1991 година, освојувајќи пет НБА титули (1980, 1982, 1985, 1987 и 1988).

Scroll to Top