Герет Бејл донираше 500.000 фунти за болницата во која е роден

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, и неговата сопруга Ема донираа 500.000 фунти за болницата во која е роден Велшанецот, за борба против коронавирусот.

„Герет и неговата сопруга Ема сакаа да дадат нешто за локалната заедница. Изјавија дека нашата болница многу има им дадено како на нив така и на нивните семејства и пријатели“, објавија од болницата од Кардиф.

Инаку, Бејл неодамна го одбележа спектакуларниот погодок од пред шест година, за време на натпреварот во „Копа дел Реј“ на Местаља во Валенсија, против Барселона.

Герет Бејл успеа да го претча Бартра, излегувајќи дури и надвор од теренот, и да постигне гол, донесувајќи му го трофејот на Реал Мадрид.

Scroll to Top