Го плаќаат 17 милиони евра годишно само за да спие на клупа

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид го плаќа Велшанецот Герет Бејл 17 милиони евра годишно за да спие на клупата, пренесуваат светските медиуми. Бејл во продолжението на сезоната не одигра ниту една минута на теренот, но и покрај тоа го сврте вниманието кон себе само седејќи на клупа.

Новинарите пишуваат дека тој спие на клупата, се шегува со останатите тимски колеги, прави двоглед од тоалетна хартија, само за да не му биде досадно.

Новинарите на конференцијата за медиуми го замолија тренерот на „кралскиот клуб“, Зиденин Зидан, да го прокоментира однесувањето на својот играч. Французинот на почеток го игнорирал прашањето, а потоа ги изгубил нервите, пишуваат медиумите.

„Знам што правите, се обидувате да направите раздор меѓу мене и Бејл, но тоа нема да ви успее. Герет е дел од Реал, тој е нашето семејство. Се обидувате да нè скарате, но тоа нема да ви успее. Ние сме заедно, сите мислиме исто и имаме иста цел“, им порача Зидан на новинарите.

Реал Мадрид оваа сезона одигра 16 натпревари и постигна два погодока. Клубот веќе неколку трансфер-рокови се обидува да се ослободи од Бејл, но Велшанецот не сака да си замине затоа што има примања какви што во кој било друг тим би можел да сонува, пишуваат медиумите.

 

 

Scroll to Top