Ѓоковиќ е прв носител на Австралија опен

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, и официјално ќе биде првиот носител на Австралија опен, соопштија организаторите на турнирот.

Првиот Гренд слем на сезоната ќе почне на 17 јануари, а организаторите од вторникот официјално потврдија по 32 играчи носители во двете конкуренции.

Зад српскиот тенисер следат Данил Медведев од Русија, Александар Зверев од Германија, Стефанос Циципас од Грција, Андреј Рубљов од Русија, а шести носител ќе биде Рафаел Надал од Шпанија.

 

Официјалната ждребка за Австралија опен е закажана за 13 јануари.

Scroll to Top