Ѓоковиќ и официјално ќе може да ја брани титулата на „Ролан гарос“

Новак Ѓоковиќ и официјално ќе може да ја брани титулата на „Ролан гарос“. Премиерот на Франција Жан Кастек потврди дека неговата држава ќе ги укине мерките против пандемијата со коронавирусот, па Ѓоковиќ ќе може прво да игра во Монте Карло, а потоа и на „Френч опен“.

Задолжителната вакцинација нема да биде услов за влез во Франција од 14 март. Кастек ова го потврди на вестите ТF1. Задолжителното носење на маски во затворен простор, освен во јавниот превоз и старечките домови, исто така нема да важи од 14 март.

Новак ќе може да игра на 21 гренд слем во Париз, откако претходно тоа не му го дозволија властите во Австралија на турнирот „Австралија опен“ затоа што не беше вакциниран против корона.

За потсетување „Ролан гарос“ ќе се игра од 22 мај до 5 јуни, а претходно од 9 до 18 април ќе се игра турнирот во Монте Карло.

Scroll to Top