Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен по добивањето дозвола за медицинско изземање од вакцинација

Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен. Тој отврди дека добил дозвола од организаторите да настапи со медицинско изземање. И понатму најдобриот светски тенисер одбива да каже дали е вакциниран против корона, а тоа е условот да настапи на првиот гренд слем во сезоната. На  Инстаграм објави дека  добил потврда за медицинско изземање.

Директорот на тенискиот турнир во Мелбурн Крег Тили рече дека тенисерите мора да бидат целосно вакцинирани или да имаат медицинско изземање за да играат на Австралијан опен.

„Среќна нова година на сите. Ви посакувам здравје, љубов и среќа во секој момент и да чувствувате љубов и почит за сите битија на оваа прекрасна планета. Поминав фантастично време со моите сакани за време на паузата и денеска патувам за Австралија со дозвола за медицинско изземање“, вели Ѓоковиќ.

Scroll to Top