Ѓоковиќ ќе игра на САД опен: По сите предизвици, пак му се радувам на тенисот

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, преку „Инстаграм“ потврди дека ќе игра на САД опен, што ќе се одржи од 31 август до 13 септември. Српскиот тенисер в сабота ќе замине за Америка и првин ќе игра на мастерсот во Синсинати. Оваа одлука Ѓоковиќ ја донел во текот на денешниот ден и тоа по многу консултации.

„Не ми беше ни малку лесно да ја донесам оваа одлука, особено кога ќе се земат предвид сите пречки и предизвици со кои се соочував периодов. Но, се радувам што пак ќе можам да се натпреварувам. Во текот на својата кариера токму во Њујорк одиграв неколку најдобри мечеви. Свесен сум дека сега ќе биде сосема поинаку и јас сум подготвен да се приспособам на сите протоколи и на сите нови услови. Бев подвргнат на сите можни прегледи и подготвен сум да го играм најдобриот тенис во моментот“, напиша Новак.

Scroll to Top