Ѓоковиќ лани основал компанија која бара лек против коронавирус

Светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сè уште е во центарот на вниманието на светските медиуми откако беше депортиран од Австралија, која и по двата судски спора не сакаше да го пушти невакциниран да влезе во земјата.

Сега е откриено дека тој и неговата сопруга Јелена во јуни 2020 година ја основале компанијата „QuantBioRes A/S“, која се занимава со потрага за лек против коронавирус. Таа е регистрирана на 3 јуни 2020 година во Данска, далеку од очите на локалната јавност, објавија регионалните медиуми.

Официјалната веб-страница на данскиот централен деловен регистар содржи информации за основачите и сопствениците на компанијата, а се наведува дека Новак и Јелена Ѓоковиќ поседуваат вкупно 80 проценти од компанијата. Сопственоста на Новак е 40,8, а на Јелена 39,2 отсто. За директор на компанијата се споменува Иван Лончаревиќ, а меѓу тројцата членови на одборот на директори е и Новак Ѓоковиќ.

Исто така, на сајтот е објаснето дека станува збор за компанија која се занимава со производство на фармацевтски препарати.

Scroll to Top