Откако во Србија неодамна почнаа да се собираат средства за лекување на Софија Маркуљевиќ (1) во Америка, Новак Ѓоковиќ го уплатил остатокот од потребните средства за девојчето да замине што побрзо. Таа во САД ќе се лекува од спинална мускулна атрофија. Освен Софија, во Америка треба да заминат и нејзините родители.
Ѓоковиќ, кој заедно со бизнисменот Миораг Костиќ обезбедил приватен лет за девојчето.
„Собраните средства треба да бидат доволни за тримесечен престој во САД. Се надеваме дека нема да се случи нешто неочекувано. Посебно сме му благодарни на Костиќ, како и Ѓоковиќ, кои обезбедија приватен лет до Америка. Благодарност и до сите останати луѓе што ни помогнаа“, напишаа меѓу другото од организацијата што ги собираше парите за лекување.