Голманот на Партизан гласаше за целиот тим на Црвена звезда во изборот за тим на годината

Голманот и капитен на Партизан, Владмир Стојковиќ, гласаше за целиот тим на Црвена звезда, во изборот за тим на годината во српската Суперлига.

Во традиционалната анкета „Капитените бираат фудбалери на годината“, која секоја година ја организира „Новости“, гласаат капитените на сите суперлигашки клубови.

„Сите знаат како да победат и подобри нема“, кратко изјавил Стојковиќ за тимот на Звезда.

Scroll to Top