Фановите на „Џенова“ го избраа капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев (37), за најдобар играч за оваа сезона. Тој сезоната 2019/2020 ја заврши со 9 гола, што за него е рекорд во 11 години колку што игра во Серија А. Пандев годинава имаше и неколку одлични асистенции, а потпиша и нов едногодишен договор со „Џенова“ за следната сезона.
Pandev miglior calciatore del Genoa per i lettori di https://t.co/bxz9tPjdNm – https://t.co/EQUATihZBH pic.twitter.com/uSnZIF5oRn
— pianetagenoa1893.net (@pianetagenoa) August 16, 2020
Изборот за најдобар играч на „Џенова“ го спроведе „Планета Џенова 1983“, а фановите на Пандев му дадоа 5.024 гласови. На второто место беше Антонио Санабрија со 3.252 гласа, додека трет беше Ласе Шене со 2.783 гласа.
Неодамна во интервју за „Репортер“ Пандев откри дека уште не планира да ја заврши кариерата. Тогаш ни рече дека сака да игра на барем едно големо натпреварување, а во тек се квалификациите за Европското првенство.
„Мајка ми без да знам ме запиша во средно“, искрено со Горан Пандев