Гори: Сите 40.000 луѓе кои биле на натпреварот Аталанта – Валенсија се заразени со Ковид-19

Градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гори, изјави дека сите 40.000 навивачи кои присуствувале на фудбалскиот натпревар меѓу Аталанта и Валенсија, што се одржа на 19 февруари во Милано, се заразени со новиот коронавирус.

Аталанта и Валенсија го играа меѓусебниот натпревар во рамките на Лига на шампиони.

„Во тоа време не знаевме што се случува. Првиот пациент во Италија беше познат на 23 февруари. Ако вирусот циркулираше, тогаш 40.000 навивачи на стадионот Сан Сиро биле инфицирани. Никој не знаеше дека вирусот е помеѓу нас. Голем број го гледаа натпреварот во групи и имаше многу контакти помеѓу нив. Вирусот се пренесол од еден на друг“, посочи Гори.

Градот Бергамо, од каде е фудбалскиот клуб Аталанта, е најтешко погодениот италијански град од новиот коронавирус. Од фудбалскиот клуб Валенсија на 16 март потврдија дека 35 проценти од екипата биле позитивни на Ковид-19. Во Италија, според најновите податоци, инфицирани се 74.386 луѓе од кои 7.503 починаа.

Scroll to Top