Хамилтон никогаш нема да биде подобар од Шумахер

By

Иако фановите на Луис Хамилтон тврдат дека британскиот возач е најдобриот во историјата на Формула 1, братот на Михаел Шумахер, Ралф, вели дека тоа никогаш нема да биде точно.

„Тој можеби ќе собори многу рекорди, но никогаш нема да биде најдобриот во историјата на овој спорт. Луѓето постојано ме прашуваат дали Луис Хамилтон е најдобриот возач на сите времиња, особено сега кога е на пат да ги урне рекордите на мојот брат. Јас мислам дека Луис не е подобар од Михаел, но е најдобар во неговата ера“, вели поранешниот Ф1 возач за „Скај спортс“.

„Истото важи и за Михаел. Тој беше најдобриот во неговата ера. Тешко е да се споредат Хамилтон и мојот брат затоа што има многу фактори кои влијаат на рекордите. Луис има мега пакет што вози за Мерцедес, а тоа не беше секогаш случај со Михаел. Но, тоа не го менува фактот дека Луис е генијален, убедливо најдобриот возач на денешницата“, додаде тој.

Ќе ви се допадне