Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, во Ватикан се сретна со папата Франциско и му подари потпишан дрес. „Во овој дрес победувам“ му рекол фудбалерот на поглаварот на Римокатоличката црква. Тој објави и слика на Инстаграм, а фановите беа воодушевени.
„Папата го виде Бог“ е еден од илјадниците коментари.
Златан откри и дека на папата Франциско му ја дал неговата биографска книга „Адреналин“ во која е раскажана неговата животна и фудбалска приказна.
Римокатоличкиот поглавар му рекол на Ибрахимовиќ дека со задоволство ќе го прочита неговото дело, а потоа му ја подарил книгата „Спортот според папата Франциско“, пишуваат италијанските медиуми.
Не е тајна дека папата е голем фудбалски фан. Тој навива за Аргентина, а не крие дека омилен клуб му е „Сан Лоренцо“.