Игор Ангеловски: Се надевам дека Елмас ќе биде новиот Пандев

By

Македонскиот селектор Игор Ангеловски во изјава за познато радио во Неапол изјави дека репрезентативецот Ељиф Елмас, постојано напредува во фудбалот и се надева дека еден ден тој ќе стане лидер и ќе биде адекватна замена за Горан Пандев.

„Играта на Елмас постојано напредува. Во тимот на Наполи тој добива поголема минутаѓа и тренерот Гатузо постојано го користи. Елмас се снаоѓа одлично. Имам големи очекувања од него и се надевам дека еден ден ќе стане лидер во репрезентацијата и ќе продолжи по чекорите на Пандев. Се слушнавме по освојувањето на Куп-трофејот. Тоа беше голема работа за него, прв голем трофеј во Италија. Освојувањето титули исто така ќе му помогне да созрее како фудбалер. Мислам дека одлично се прикажува во Наполи и така ќе продолжи во македонската репрезентација“, изјавил Ангеловски.

Елмас, пред неколку недели го освои и првиот голем трофеј, во победата на „Олимпико“ против Јувентус во финалето на Копа Италија.

 

Ќе ви се допадне