Игор Стефановски Иџе, двапати заврши шести на трките во Хрватска

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе го освои шестото место на патеката „Гробник“ во рамки на ТЦР Источна Европа. Иџе со своето „Хјундаи и30“ и во првата трка заврши на шестото место, освојувајќи осум поени.

Со овие резултати тој дојде до вкупно 16 бодови на неговото конто во новата сезона, во која го прескокна првото натпреварување во Италија.

Во втората трка повторно доминираше српскиот ас Душан Борковиќ. На подиумот покрај него застанаа и Милован Весник и Матеј Конопка.

После првиот тркачки викенд во ова натпреварување води Борковиќ со 50 поени, пред Весниќ (36) и Конопка (30). Од вкупно 18 натпреварувачи нашиот Иџе е моментно шестопласиран со 16 поени. Следните возбудувања според календарот ќе бидат во Словачка од 21-23 август 2020 година.

Scroll to Top