Легендарниот германски фудбалски репрезентативец рече дека, покрај Германија, на ова Светско првенство навива и за Србија.
Сопругот на поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ е голем фан на „орлите“ и објави фотографија како навива пред телевизорот додека во квалификациите играа Србија и Азербејџан.
„Мојата земја веќе се квалификува. Ајде да гледаме уште еден важен натпревар за моето семејство. Да држиме палци и да им посакаме многу среќа“, напиша Швајнштајгер на „Твитер“.
За потсетување, неговата поранешна репрезентација, Германија, ја победи Македонија со 4:0 во Скопје, а Србија беше подобра од Азербејџан со 3:1 и е прва во групата пред Португалија.