Инспекција влезе во Јувентус, проневра и скандал во кој е вмешан и Роналдо

Италијанскиот гигант Јувентус е во центар на нов скандал со проневера на пари поради кој би можел да биде исфрлен во Серија Б, а во целиот случај е вмешан и поранешниот фудбалер на „Старата дама“, Кристијано Роналдо.

Пред неколку дена пристигна инспекција во екипата од Торино и направи претрес при што беше откриена проневера на 50 милиони евра за која се обвинети неколку лица, меѓу кои се и Андреа Ањели, Павел Недведе и Фабио Паратичи.

„Газета дело спорт“ објави дека Јувентус имал таен договор со Роналдо според кој Португалецот добивал пари, иако се откажал од нив во текот на пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Лани многу фудбалери на Јувентус решија платите за март, април, мај и јуни да не ги земат за да му помогнат на клубот, но очигледно Роналдо не го направил тоа затоа што екипата му уплатувала пари на неговата сметка во текот на тој период.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Роналдо и Јувентус се договориле во тој период да ги добива платите од кои се откажал, но засега не е позната причината, па Португалецот мора да оди во Торино на сослушување за скандалот.

Scroll to Top