Италија ќе остане без 120 милиони евра по поразот од Македонија

Откако Италија беше елиминирана во баражот од Македонија, државата ќе остане без 120 милиони евра. Овие пари требало да ги добие земјата со настапот на аѕурите на Мундијалот во Катар, објави „Ил Џорнале“.

Италијанскиот медиум пишува дека само со освојување на светската титула од ФИФА, Франција добила 33 милиони евра, без пресметани парични средства од спонзори, реклами и слично.

Само пласманот на Мундјалот носи девет милиони евра од ФИФА, а таа сума се зголемува со тоа колку повеќе ќе остане тимот на турнирот. Тука се и парите кои ќе ги заработеа телевизиите за реклами, но и парите што ќе ги заработеа локалите и пабовите, оти потрошувачката во овој период е неколку пати зголемена. Според реномираниот медиум, државата ќе загуби најмалку 120 милиони евра.

Scroll to Top