Иванишевиќ: Сега е лесно да си паметен, некој лови политички поени на нас

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ во гостување на хрватската телевизија „РТЛ“ зборуваше за фијаското со „Адрија турнејата“ и позитивните тестови на корона вирус на Новак Ѓоковиќ, Григор Димитров, Виктор Троицки и Борна Чориќ, велејќи дека некој сега сака да лови политички поени на нив.

„Се слушнав со Новак и не му е лесно. Добро се носи со ситуацијата и знам дека е силен и ќе изддржи сè. Зошто не се тестираше во Хрватска? Бидејќи тогаш ни кажаа дека секој може да се тестира во матичната земја и тој реши да замине во Белград. Пред доаѓањето не се тестираа бидејќи немаше потреба. Така советуваше и министерот за здравство Берош, никој немаше симптоми“, објаснува Иванишевиќ.

Тој додава дека се чувствува одговорен за ситуацијата, но додава дека му пречи што се прави атмосфера дека тие се единствени виновници.

„Секако, чувствуваме одговорност, бидејќи ова беше една голема супер работа. Жал ми е за сите заразени, но на некои работи не можеш да влијаеш. Криво ми е што сега ние сме главни виновници и сите собираат политички поени на нас, а во Задар има најмалку заразени. Јас се тестирав во средата и во понеделникот и двата теста беа негативни. Сега е лесно да се правиш паметен“, додава Иванишевиќ.

По големиот број критики кои ги доби Новак Ѓоковиќ, поради одржаниот негов турнир Адриа Тур во Белград и Загреб среде пандемијата со коронавирусот, во негова одбрана застанаа голем број  познати спортски легенди.
Еден од нив е и поранешната фудбалска легенда и сегашен тренер на фудбалскиот клуб Црвена Ѕвезда, Дејан Станковиќ, кој објави на социјалните мрежи дека клубот секогаш ќе биде со него.

Станковиќ застана во одбрана на Ноле, по низата на критики кои стигаат на негова адреса, велејќи дека поради него се заразија голем број на тенисери и спортски работници.

Хрватската кошаркарска легенда Дино Раџа исто така застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ.

Раџа вели дека Србинот немал никаква лоша намера туку сакал да помогне на сите колеги и воедно го ризикувал и сопственото здравје за такво нешто.

„Неверојатно е колкава е количината на го*на беа упатени кон Новак Ѓоковиќ деновиве. Натпреварување е кој повеќе ке го исплука. Човекот направи се да ни помогне на нас Хрватите да се промовираме и да се обидеме да спасиме барем дел од сезоната. Секако дека имаше грешки, но во првиот ред се Димитров и организацијата, а потоа сите останати учесници. Како споредба погледнете ги кафулињата, ноќните клубови за време на викендот, натпреварите, шеталиштата, јавните превози и слично. Има се повеќе луѓе, а никој не носи маска и не држи дистанца. Но, секако дека не е пракса да се „удри“ по Анте или по Мате. Затоа може по Новак и тоа со сите оружја. А човекот го ризикуваше сопственото здравје да направи нешто за нас. За калуѓерките од Ѓаково се пишува само по некоја реченица, а ситуацијата е далеку полоша, да не навлегувам понатаму. Ова што сега се случи паметните ќе го разберат како предупредување дека сите не смееме многу да се опуштаме. Без разлика на статусот во општеството, сите сме мета на вирусот и мора да се држиме до препораките. Да сме живи и здрави! “, напиша Раѓа.

Меѓу поддржувачите на Ноле беше  и познатиот хрватски тениски тренер Никола Пилиќ.

Пилиќ вели дека идејата на Ѓоковиќ била феноменална, но овој пат вирусот успеа да победи.

„Премногу ми е жал поради Ноле. Оваа идеја беше одлична, но на крај заврши катастрофално. Зборував со Ѓоковиќ во саботата пред да се случи ова. Беше горд и среќен. Беше сам во организација на големите турнири, многу пари се потрошија, а Ноле плати сè“, кажа Пилиќ.

 

Scroll to Top