Јувентус прави страшен тим, лутиот противник на Роналдо од минатото, Суарез, доаѓа во Торино

Долгогодишнот фудбалски ас на Барселона, сјајниот уругвајски напаѓач Луис Суарез, постигна договор со Јувентус и наскоро ќе стане нов член на шампионот на Италија, пренесуваат италијанските медиуми.

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, му пренел на Уругваецот дека во новата сезона нема да смета на него и дека слободно може да побара нов клуб.

Ајакс прв контактирал со сјајниот напаѓач, а интерес покажале и Атлетика Мадрид. Сепак во трката, на крајот, судејќи според сè, победи Јувентус.

Суарез преговара во моментов за привремен прекин на договорот, кој му истекува наредното лето. Се очекува во Торино да пристигне како слободен играч.

Актуелниот напаѓал на Јувентус, Гонзало Игуаин, сигурно го напуша клубот. Иако има важечки договор со „старата дама“, Пирло не смета на Аргентинецот. Тој кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата, поточно во Итен од Мајами.

Оттука, некогаш лутите ривали Луис Суарез и Кристијано Роналдо наскоро би можеле да заиграат заедно. Нема сомнение дека сјајните фудбалери ќе бидат еден од најубиствените напаѓачки тандеми во Европа.

Од неодамна во јавноста се раширија шпекулации и дека Лионел Меси би можел исто така да ја напушти Барселона. По слабите резултати сезонава на Барселона, Аргентинецот беше цел на големи клубови, а како потенцијални кандидати се јавија и Јувентус и Манчестер сити.

 

 

Scroll to Top