Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров, нема да настапи на Европското првенство во Унгарија и Словачка, кое за Македонија почнува вечерва со дуелот против Словенија од 18 часот во рамките на Групата А. Веста ја објави РФМ.
„Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг. По прегледите направени од медицински тим, констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускула на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели.
Лазаров вечерва ќе биде само на клупата и ќе го води тимот како селектор, но нема да може да помогне како играч“, велат од РФМ.