Кире Лазаров е позитивен на коронавирус

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, е позитивен на Ковид-19, пишува француски „20minutes.fr“. Лазаров, според информациите, позитивниот тест го добил на тестирањето пред мечот од Лигата на шампиони, што неговиот клуб Нант треба да го игра против словенечки Целје.

Освен Лазаров, позитивен на вирусот е и шпанскиот ракометар во редовите на Нант, Адриа Фигуерас, па поради ваквата ситуација ЕХФ соопшти дека француско-словенечкиот дуел се одложува. Засега не е одреден нареден термин кога ќе се одигра средбата.

Лазаров, според информациите, немал никакви симптоми, дома е во изолација и ќе биде под комплетен лекарски надзор.

Scroll to Top